Милевски по триумфот во Рига: Репрезентацијата полека ја добива посакуваната физиономија
10.10.2024 Oktomvri Cetvrtok
Победата против Летонија е втора за македонската фудбалска репрезентација во актуелната сезона од Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски призна дека е задоволен од најголем дел од изданието на нашите репрезентативци во Рига.
Македонија победи со убедливи 0:3 и останува на првото место во групата, а Милевски по натпреварот истакнал дека има и простор за дополнителен напредок.
– Задоволен сум од резултатот и пристапот, ова е победа на играчите.
– Имавме контрола на играта, но имаше и моменти кои мора да ги подобриме и на тоа ќе се фокусираме во иднина.
– Поразот со 7-0 во Манчестер беше точката од која почнавме да го градиме овој тим, а тој полека ја добиваме физиономијата и стилот на игра кој сакам да го гледам. Секако има и простор за уште поголем напредок, – изјави Милевски на прес-конференцијата по натпреварот.
Македонија веќе на 13. октомври ќе има уште едно гостување и тоа кај репрезентацијата на Ерменија.
Comments