top of page

Милевски: Очекувам сличен меч како во Скопје, Велс не калкулираше во Вадуц Македонија-Велс фудбал кавлификации за светско првенство 2026

18.11.2025 Noemvri Vtornik

Откако вчера во утринскиот тренинг работеа во Скопје, македонските фудбалери ја искористија вечерта и денешното претпладне во Кардиф за одмор и аклиматизација. Ладно, но сончево време ги дочека „рисовите“ во Велс, а попладнево првпат ќе тренираат на „Кардиф Сити стадиум“, каде утревечер ќе се игра дуелот за второто место во групата,

На прес-конференцијата нашиот селектор, Благоја Милевски, го најави натпреварот„Никогаш не недостасува мотивација во ваква ситуација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не за плеј-оф, тоа нуди дополнителна убавина. Верувам дека ќе уживаме во натпреварот. Секогаш морате да бидете дисциплинирани и одговорни, но секогаш тоа не е гаранција за успех. Сепак е добра појдовна точка и јас секогаш преферирам да функционираме како тим и сите се ставаат во функција на селекцијата. Не очекувам поразличен натпревар од првиот во Скопје. Играчите се исти, велшкиот квалитет е неспорен, фудбалерите играат во Премиер лигата и имаат одличен селектор. Стилот на Велс е истиот од претходните натпревари. Тактиката ја поставува селекторот по карактеристиките со кои располага. Мора да се спремиме на сите детали и да одговориме адекватно.Ниедна репрезентација не може да си даде луксуз да се дозира и мора да биде максимален. Така и Велс беше максимален против Лихтенштајн, па сигурен сум дека не се штедеа за нас“, рече нашиот селектор на средбата со новинарите.

Македонија има една победа, едно реми и еден пораз во досегашните меѓусебни натпревари со малата британска земја. 

ree

 
 
 

Comments


bottom of page