Search
Милевски одбра за Хрватска: Трајковски и Миовски ќе бидат најголема опасност за „коцкестите“ (ФОТО)
03.06.2024 junie Ponedelnik
Македонската А фудбалска репрезентација и гостува на Хрватска на пријателскиот меч кој од 19 часот ќе се одигра во Ријека.
Селекторот Благоја Милевски одлучи натпреварот на „Рујевица“ да го започне во формација 3-5-2 во која најопасни, најистурени наши играчи ќе бидат Трајковски и Миовски.
На голот стандардно ќе биде Димитриевски, тројката на стоперските позиции пак ќе ја сочинуваат Велковски, Зајков и Муслиу.
Левата и десната бековска позиција ќе ја покриваат Ашковски и Алиоски, додека Елмас, Алими и Атанасов ќе бидат задолжени за контрола на средината на теренот.
Comments