top of page

Милевски одбра за Италија и Англија, кам-бек на Тихо Костадинов

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги одигра двата последни натпревари во квалификацискиот циклус за Европското првенство. Шансите за пласман се загубени, но секогаш е мотив кога се игра со великани како Италија и Англија.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари во циклусот, а на него нема преголеми изненадувања. Во репрезентацијата по тешката повреда се враќа Тихомир Костадинов, додека во нападот овојпат веднаш повикан е Ердон Даци, а од октомври изостана Љупче Дориев.

Список на повикани фудбалери за ноемвриските натпревари:

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за в понеделник на 13 ноември во хотелот „Хилтон“.

Македонија ќе одработи неколку тренинзи во Скопје пред да отпатува за Рим, каде што на 17 ѝ гостува на Италија. Три дена подоцна на затворањето на циклусот на арената „Тодор Проески“ доаѓа гигантот Англија.


 
 
 

Comentarios


bottom of page