Милевски објасни зошто не го повика Несторовски и нагласи: Италија има свои слаби страни
- Aleksandar Santovski
- Mar 17, 2022
- 2 min read
Откако го објави списокот на повикани фудбалери за бараж полуфиналето со Италија, селекторот направи и најава за важниот натпревар кој ќе се игра на „Ренцо Барбера“ на 24-ти март, а при одговорањето на новинарски прашања, објасни зошто на крајот се одлучил да не го повика Илија Несторовски кој до пред неполна година беше незаменлив во стартната постава на селекцијата.
Несторовски се врати од тешката повреда на предниот вкрстен лигамент откако го пропушти Европското првенство, но малата минутажа во Удинезе на крајот била пресудна за ваква тешка одлука на Милевски, кој додава дека неизвесен за настап е и Адис Јаховиќ кој влече повреда на тетивата.
– Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има премала минутажа во својот клуб, има одиграно само 13. минути во Купот на Италија. Кога сме кај напаѓачките опции, Адис Јаховиќ е повикан, но е неизвесен за настап бидејќи се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата. Во наредните денови ќе дознаеме дали ќе биде дел од тимот.
– Се работи за еден натпревар со Италија во кој се е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не случајно сме на ова место и во најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ 5 по квалитет, не е случајно тоа што Италијанците се актуелни европски шампиони. И покрај тоа, секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со Италија. Ние треба да ги искористиме нивните слаби страни.
– Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го покажеме и на дуелот со Италија, ќе биде тешко, но не и невозможно. Не гледам поврзаност со претходните два натпревари кои ги имаме одиграно против Италија. Од последниот натпревар со Италија поминато е доста време, двете селекции имаат различен селектор и различна филозофија. Сега играме еден натпревар, кој е од сосема поинаков тип и важност, во споредба со двата квалификациски меча одиграни во Скопје и Торино пред пет години, – вели Милевски.

Comments