Милевски: Не чека поразличен натпревар од оној во Скопје
Македонија и Ерменија се уште се во игра за второто место во квалификациската група за Светското првенство, па токму поради тоа, утрешниот натпревар во Ереван ќе биде од круцијално значење за двете селекции кои одиграа доста меѓусебни натпревари во последните години.
Утрешниот натпревар сигурно ќе ни даде одговор за тоа дали ќе останеме во игра за второто место, бидејќи и Македонија и Ерменија имаат императив да освојат три бода, што ветува крајно отворен натпревар од двете страни.
– Сметам дека не очекува одличен натпревар. Двете селекции имаат свои шанси за второто место, а победа е опција и за нас и за Ерменија. Ова ќе биде многу поразличен меч од тој во Скопје. На домашен терен ја имавме доминацијата, но сега очекувам сосема поразличен дуел, отворен на двете страни, затоа што победата е важна за двете селекции, – изјави селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција.
На утрешниот меч, Милевски одново нема да може да смета на играчи од калибарот како Адеми, Ристовски, Ракип, Јаховиќ и Николов, а тој вели дека посебна комплексна е ситуацијата што станува збор за фудбалери од средниот ред.
– Се разбира дека отсуствата поради повреди на играчи од ваков калибар ни создаваат проблеми. Но, сигурен сум дека сите оние што ќе настапат ќе го дадат максимумот на овој натпревар. Има влијание тој недостаток, особено што не можам да сметам на сите играчи од средниот ред. Македонија е во фаза на создавање на тим и ни треба костурот на селекцијата во наредните четири години. Но, сега не се откажуваме и секоја шанса за тоа второ место ќе се обидеме да ја искористиме, – изјави додаде Милевски.
コメント