Видео Милевски: Не погрешивме поради еуфоричност, на Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво!Македонија -Велс фудбал стадион Тодор Проески Скопје 25.03.2025 Март Вторник 1-1 резултат
25.03.2025 Mart Vtornik
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата после натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот.„Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со силните селекции од стариот континент. Не би рекол дека се израдувавме прерано, примениот гол беше наша грешка, но има и такви моменти. Моравме да останеме фокусирани до самиот крај, но не верувам дека грешката дојде поради некаква еуфорија. Мислам дека сите треба да бидеме горди, благодарност за големата поддршка од трибините, се надевам дека им возвративме на навивачите со нашата тактичка дисциплинираност и пожртвуваност. Да останеше 0-0, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу близу до трите бода“, изјави Милевски.
Македонија одигра тежок натпревар против незгодниот Велс, поведе со 1-0 во 91. минута, но дозволивме да примиме гол во последните секунди од мечот. И покрај чувството дека можевме да добиеме повеќе, сепак остануваме лидери на табелата со вкупно четири бода.


Comments