top of page

Милевски: Не калкулираме со репрезентацијата, секој меч ни е важен за фудбалскиот меч Македонија-Летонија 13.11.2025 Ноември Четврток 18 часот на Тодор Проески Арена во Скопје

13.11.2025 Noemvri Cetvrtok

Фудбалската репрезентација на Македонија во ноемврискиот прозорец ќе одигра два меча. Првиот е пријателски со Летонија, вториот е дел од квалификациите за СП 2026 против Велс. Како увертира за дуелот во Кардиф, во Скопје ќе одиграме контролен меч со Летонија.

Селекторот Благоја Милевски го најави овој дуел, кажа дека нема да може да смета на Висар Муслиу и Јани Атанасов кои се повредени, но и покрај тоа пристапот ќе биде максимален, со голема желба за победа.„Се уште не знам сите дали ќе бидат способни да го одработат последниот тренинг, ќе имаме појасна слика по тренингот. Сигурно е дека Атанасов и Муслиу нема да играат, а сите останати ќе бидат во комбинација и по тренингот. Што се однесува до Летонија, нема потреба да се штедиме затоа што имаме пет дена одмор до вториот меч со Велс. Секогаш кога игра Македонија нема простор за калкулации и штедење, сите што ќе бидат во тимот ќе се стават во функција и ќе бидат на максимум. Ние ќе се потрудиме да извлечеме што е можно повеќе и на тактички и на физички план и да се обидеме да извадиме варијанти што сакам да ги видам, посебно за пристапот. Тоа ќе биде примарна цел, а исто е и со резултатот. Сакам да видам на кое ниво сме и до каде сме. Секогаш победа носи поголема самодоверба за секој следен меч, од друга страна имаме план кој не води напред, не е само план Летонија, туку секогаш ја гледам пошироката слика и како Македонија треба да изгледа. Секој следен меч ми е најважен. Акцентот е на тимот, секогаш ќе биде така додека сум селектор. Секогаш имаме варијанти што и да се случи, функционираме сите на ниво.“, изјави Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра во среда од 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“, а влезот е слободен.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page