top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски: Не дојдовме како туристи во Рим, секој меч си носи своја историја

Македонската експедиција од вчера е во Рим и се подготвува за утрешниот квалификациски меч против Италија, селекција која навистина нема добро искуство од послендното гостување на „рисовите“ во нивната земја.

Македонија ја остави Италија без пласман на Светското првенство и сега повторно стои на патот на „аѕурите“ кои се обидуваат да обезбедат виза за Европското првенство, па иако нашиот тим нема императив да брка поволен резултат, честа и професионалниот однос бараат максимално залагање.

Селекторот Благоја Милвески најави дека Македонците не пристигнале како туристи во Рим, туку со цел да извадат што е можно подобар резултат од овој натпревар.

– Кога работите во фудбалот како фудбалски работник, секогаш се обидувате да бидете што е можно поуспешен. За нас ништо не се менува, така ќе биде и утре, ние сме тука за да оствариме најдобар резултат. Не дојдовме како туристи во Рим, туку да оствариме најдобар можен резултат.

– Секој меч си носи своја историја, ниту еден не е сличен на претходниот. Утрешниот меч е специјален сам по себе, си има своја тежина. Тука сме да го дадеме најдоброто и да го продолжиме она што го почнавме во месец октомври. Имаме млади играчи кои секогаш го даваат максимумот и така ќе биде и во иднина. Имаме наша цел, кога ја претставуваш репрезентацијата, секогаш се бара најдоброто од вас. Не очекува голем тим како Италија, една од најдобрите селекции во Европа, – изјави Милвески кој потврди дека нема да може да смета на Трајковски, херојот од Палермо од пред една година.


2 views

Comments


bottom of page