top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски: Не бегаме од фаворитската улога против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува квалификациите за СП 2022, а следен предизвик е гостувањето кај Лихтенштајн.

Нашата селекција ја има улогата на фаворит и според селекторот Благоја Милевски, целта е истата да се оправда на утрешниот дуел.

– Не чувствуваме притисок. Задоволен сум од тоа што го работиме на тренинзите.Задоволен сум од концентрацијата и залагањето на фудбалерите. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Не сакам да ги коментирам тактичките варијанти. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво.

– Секако дека ќе ни недостига Едис Барди. Меѓутоа, сите останати кои ќе настапат, мислам и верувам дека ќе бидат на потребното ниво. Дали Ракип ќе го замени Барди, ќе одлучиме пред утрешниот натпревар поради неколкуте ситни повреди, па според тоа ќе ги одредам првите единаесет. Сите играчи кои имаа ситни повреди се под знак прашалник, ама верувам дека тие што ќе истрчаат утре на теренот ќе дадат максимум.

– Натпреварот утре е сосема поинаков од сите претходни. Не можеме да се базираме на традиција, според мене ривалот е квалитетен. Нема формалност, мора да одиграме добро за да победиме, – изјави Милевски на прес-конференцијата пред дуелот со Лихтенштајн.

Натпреварот утре започнува од 20:45 часот.


2 views

Comments


bottom of page