Милевски: Не бегаме од одговорност, целта за нас е прво место во групата!
08.02.2024 februari Cetvrtok
Македонската сениорска фудбалска репрезентација вечерва во Париз ги доби противниците за новото издание во Лигата на нации, ждрепка која ни ги донесе селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија.Во „шеширите“ имаше и поквалитетни, позвучни репрезентации кои можевме да ги добиеме за ривали, па дефинитивно ова е група во која ќе имаме што да кажеме и во која целта е да се освои првото место.
-Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави.Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник.
-Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата, -порача селекторот Благоја Милевски во својата прва изјава по ждрепката во Париз.
Ова прва фаза од четвртото издание на Лигата на нации ќе биде отворено на почетокот на септември, а завршните кола се предвидени за ноември.
Comentarios