top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски: Мечот во Скопје ќе биде сосема поинаков од оној во Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација, утре, против Романија ќе го заокружи септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство. „Црвено-жолтите“ на претходните два натпревара ремизираа со Ерменија (0-0) и со Исланд (2-2). Македонија се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Ј, со осум бода од пет средби, зад Германија (12 поени), Ерменија (10) и Романија (9). Романците ја совладаа Македонија со 3-2 во дуелот одигран во Букурешт, што е единствен пораз на македонските фудбалери во досегашниот тек од квалификациите.

– Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место. Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа – рече селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

Македонија ќе ја пречека Романија утре од 20.45 часот.


1 view

Commenti


bottom of page