Милевски: Местото во баражот е успех и на сегашните и на претходниците!
Updated: Nov 16, 2021
14.11.2021 Noemvri Nedela
Благоја Милевски испиша нова историја за македонскиот фудбал. По пласманот на ЕП 2017 со У21-репрезентацијата, овој тренер со сениорскиот состав дојде до баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година.
По натпреварот во Скопје против Исланд и клучната победа за осигурувањето на второто место (3-1), Милевски им честита на сите фудбалери и порача дека ова е нивна победа, а на навивачите им се заблагодари за поддршката.
„Прво, сакам да му се заблагодарам на претходникот Игор Ангеловски, како и до некои други играчи кои не се во репрезентацијата. И тие се дел од овој успех. Честитки и до играчите за прикажаното. Дадовме брз гол, тоа ни ја олесни работата, затоа што практично стартувавме со 1-0. Но, ние не паднавме во ниту еден момент против сериозен ривал како Исланд и поседува потенцијал. Драго ми е што успеавме да ги израдуваме сите и да дојдеме до овој голем успех“, изјави Милевски.
Македонија во баражот ќе биде меѓу неносителите, а ривалот ќе го добие на ждрепка. Полуфиналето и финалето се играат во месец март.
Commenti