Милевски: Македонија покажа дека може да се носи со силни селекции
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе се соочи со Украина во квалификациски натпревар кој ќе се игра во Прага, а нашата репрезентација ќе се обиде да стигне до подобар резултат од првото соочување во Скопје. На првата средба, Македонија испушти голема предност во вториот дел, а селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција истакна дека очекува поинакво издание против веќе познат и квалитетен противник. – Украина има фудбалери кои играат во топ клубови и не треба да се трошат многу зборови за нивниот квалитет. – Од друга страна, ние покажавме дека можеме да се носиме со силни репрезентации, се надевам дека ќе ја задржиме формата од септември која ме радуваше. – Двете селекции имаат слични амбиции, па нам ни одговара само победа, мора да бидеме фокусирани сите 90 минути, а не 60-65 минути како на средбата во Скопје. Има и промени во тимовите, па очекувам и поинаков натпревар, – вели Милевски. Натпреварот Украина-Македонија утре започнува од 15 часот.
ความคิดเห็น