Милевски: Кога не ги користите шансите, поразот е неминовен
Македонската сениорска фудбалска репрезентација доживеа пораз од Украина од 2-0 во квалификацискиот меч за Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.
Во еден возбудлив натпревар во кој имаше шанси на двете страни, домаќините се изборија за важен триумф со кој ги зголемија шансите за настап на европскиот шампионат.
Ние пак останува да се фокусираме на наредните предизвици со тоа што селекторот Благоја Милевски жали што не успеавме да оствариме подобар резултат во Прага.
-Честитки за двете репрезентации, верувам сите уживаа во фудбалот кој го гледаа. Честитки за Украина за победата, но горд сум на моите момци. Реакцијата по примениот гол беше одлична, на почетокот на вториот дел направивме измени. Успеавме да се наметнеме, меѓутоа не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен.
-Секогаш кога започнувате натпревар имате повеќе планови. Примивме несреќен гол, по кој спонтано реагиравме и не можам да не бидам задоволен. Направивме неколку одлични шанси. разочаран сум само од резултатот. Моравме да се отвориме во продолжението и Украина имаше повеќе простор да нападне и доби повеќе шанси. Нема каква фудбалска поука да извлечеме од овој дуел, бидејќи одигравме солидно. Останува да се надигруваме до крајот на циклусот, изјави Милевски.
Нашата селекција во овој „прозорец“ има уште еден дуел, пријателски против Ерменија во Струмица.
Comments