Милевски изненаден од црвениот картон, но извлече добар заклучок: Се повеќе наликуваме на тим каков
23.03.2023 Mart Cetvrtok
Милевски изненаден од црвениот картон, но извлече добар заклучок: Се повеќе наликуваме на тим каков што посакувам!Селекторот Благоја Милевски последниот судиски свиреж вечерва го дочека на трибините, откако претходно беше исклучен од главниот арбитар во самата завршница на натпреварот во Скопје.
По голот кој го постигна Малта за 2:1, настана нервоза на теренот и македонските фудбалери беа во одредена паника, а иако Милевски немаше некој посериозен приговор, на крајот доби директен црвен картон и исклучување, што значи дека нема да го води тимот на следниот квалификациски меч.
Без оглед на завршната епизода, нашиот предводник остана задоволен од целокупното издание на неговите играчи вечерва, па на пресот нагласи дека полека наликуваме на тим каков што замислувал од самиот старт.
– Од меч во меч играме се подобро, потребно е време за да се создаде потребната хемија меѓу играчите. Но, како што минува времето, се повеќе личиме на тим каков што посакувам. Тоа го покажуваме од собир на собир, денеска бевме добри и во првиот дел, иако акциите требаше подобро да ги завршуваме.
– Не можам да бидам незадоволен од второто полувреме, штета е што не победивме и со повеќе голови разлика. Најтешко е да се игра со вакви селекции, но јас сум задоволен од победата и севкупниот впечаток, – изјави Милевски, кој го коментираше и исклучувањето.
– Не знам зошто добив исклучување, наводно зошто сум го напуштил ограничениот простор. За тоа се добива жолт картон, но јас бев исклучен. Такво беше видувањето на четвртиот судија, – надополни селекторот.
コメント