top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски застана во одбрана на трагичарот во Тбилиси: Него му е најтешко

Македонската фудаблска репрезентација одново одигра меч во кој во најголем дел имаше иницијатива против Грузија, но фактот што не постигна ниту еден, а прими дури пет во двата дуели со истиот противник, јасно укажува на тоа дека реализацијата е на навистина лошо ниво во овој квалификациски циклус.

Македонија се прости од првото место во Лигата на нации со вечерашниот пораз во Тбилиси со 2:0, кој дојде по големиот број нереализирани шанси, но и грешката на Дарко Велковски кој се претвори во трагичар.

Кога Македонија се обидуваше да стигне до израмнување и создаде три добри шанси, следеше голема грешка од стоперот, па голот за 2:0 делуваше деморализирачки и беше јасно дека ќе претрпие нов пораз од Грузија, втор во низа по оној во Скопје од 0:3.

– Прво, сакам да и честитам на Грузија за првото место во групата и пласманот понатаму. Јас како селектор можам да бидам горд на моите момци вечерва, горд сум како одиграа. Загубивме на идентичен начин како во Скопје, на наши грешки. Вечерва бевме подобри и од Скопје, тогаш доминиравме едно полувреме, сега цели 90 минути. Креиравме многу шанси, но на крајот повторно не постигнавме гол. Направивме индивидуални грешки, а тоа се должи на физичката и психолошката состојба. Немам забелешка за моите фудбалери, иако треба да бидеме поконкретни во завршувањето на акции, – изјави Милевски на пресот во Тбилиси, застанувајќи во одбрана на Велковски кој го повлече од игра по примениот втор гол.

– Денеска на Велковски му е најтешко. Сепак, ние сме тим, победуваме и губиме како тим. Има поддршка од мене и од цел тим. Никогаш нема да издвојувам кој игра добро, а кој лошо, – додаде селекторот.


1 view

Comments


bottom of page