top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски за фаворитската улога против Бугарија: Во денешно време не постојат фаворити

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски е претпазлив пред утрешниот натпревар против селекцијата на Бугарија.

Македонија во Разград ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нациите, натпреварување во кое повторно ќе атакуваме на врвот со надеж дека уште еднаш ќе се пласираме на едно големо натпреварување.

Македонија според многумина е фаворит на средбата со Бугарија, но Милевски е претпазлив и потенцира дека во денешно време не постојат фаворити.

Селекторот истакна дека целта на македонската репрезентација е да излезат на терен и да го дадат максимумот со цел да извлечат позитивен резултат.

– За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Денес, фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена. Единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат, -изјави Милевски.




3 views

Comments


bottom of page