Милевски: Домашните мечеви мора да бидат во подобри услови! за мецот македонија-Летонија кој заврси 0-0 во Скопје на Тодор Проески арената
- Aleksandar Santovski
- Nov 13
- 1 min read
13.11.2025 Noemvri Cetvrtok
Македонија не остави позитивна слика на контролниот дуел против Летонија во Скопје, кој беше увертира за мечот против Велс во Кардиф и битката за второ место на табелата во циклусот за СП 2026. Празното реми без голови ја разочара публиката, но според селекторот Благоја Милевски, нема место за паника и истакна дека е задоволен од борбеноста која ја видел.„Сето она што си го зададовме како задача, освен победата на овој меч беше исполнето. Увидов како ќе се однесува тимот во нова формација, со пресинг, тактичка дисциплина. Од тој аспект мора да сум задоволен. Од друга страна, мора да им обезбедиме подобри услови на играчите за домашни мечеви. Тука мислам пред се на теренот. Во иднина тоа мора да се промени. Овие момци заслужуваат подобро. Честитки за Летонија за играта и за залагањето. Неслучајно ги добравме нив, се покажаа дека се квалитетен противник. Против нив во Лигата на Нациите одигравме добар меч. Не можам, а да не сум заодоволен од сите кои се во ростерот. Во моментов се 28. Без разлика дали се работи за стартери, за резерви… сите се на ниво. Мечот со Велс е подеднакво важен како и сите мечеви до сега. Сами се доведовме до оваа ситуација. Во игра сме за второто место, да уживаме во дуелот и во се што ќе се случува таму“, изјави Милевски.
Натпреварот меѓу Велс и Македонија се игра на 18 ноември. Нашиот национален тим го чека епилогот од дуелот меѓу Лихтенштајн и островската селекција, за да има јасна слика дали реми или само победа над ривалот ќе ја однесат по полесен пат да игра бараж за Мундијалот.






Comments