top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски доби лоша вест по направените детални прегледи над Чурлинов

Благоја Милевски на вчерашниот прес најави дека има многу проблеми пред собирот на репрезентацијата со играчите кои не играат и не се во натпреварувачки ритам, но исто така додаде дека неповолности прават и повредите.

Дарко Чурлинов до денеска беше неизвесен за настап на дуелите против Грузија и Бугарија, но сега стана познато дека фудбалерот на Барнли и дефинитивно нема да стои на располагање поради повреда.

– Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации.

Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул.

Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во хотел Хилтон во Скопје, – објави ФФМ.


1 view

Commenti


bottom of page