top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски го разбуди „ѕверот“ во Барди: Спировски испадна полн погодок!

Updated: Nov 12, 2021



11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Енис Барди го одигра најдобриот натпревар во сениорскиот дрес на Македонија, а голема заслуга за тоа има селекторот Благоја Милевски кој ја погоди измената, му даде нова задача на играчот и го претвори во „ѕвер“ на теренот. Македонија имаше предност по првото полувреме со головите на Александар Трајковски и Енис Барди, а фудбалерот на Леванте во второто полувреме доби нова позиција и го покажа сиот свој потенцијал. Имено, Барди имаше нешто подефанзивна задача на овој натпревар и не играше на својата стандардна позиција, ама во 64. минута Милевски во игра го внесе Стефан Спировски, кој ја презеде улогата играч за врска, па Барди се врати како класична „десетка“. Само две минути по измената на Благоја Милевски, Енис Барди феноменално влезе во шеснаесетникот, доби топка од Дарко Чурлинов и изнуди пенал кој го направи Хамбарџумјан. Потоа учествуваше и во градењето на акцијата на мечот по која Алиоски изнуди најстрога казна, па го комплетира хет-трикот. Барди на овој натпревар имаше страшна статистика која кај светските медиуми му донесе оценка 9,9. Македонскиот репрезентативец забележа вкупно три шута, трите беа во рамка на голот и завршија во мрежата. Креира една голема шанса, плус додаде две клучни додавања при головите. Трипати доби директен дуел со противник, направи и три лизгачки старта за да пресече акција на Ерменците. Вкупно, Барди играше 84 пати на натпреварот со топката. Енис Барди е петтиот играч кој постигнал хет-трик во дресот на Македонија. Воедно, неговото име засекогаш ќе се памети како прв стрелец за нашата држава на големата сцена, затоа што на Европското првенство (ЕП) за играчи до 21 година, тој реализира против Србија и го даде деби-погодокот на младинскиот континентален собир.


2 views

Comments


bottom of page