top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски: Го започнуваме новиот циклус со проблеми, но целта е прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација има згуснат распоред пред себе и ќе одигра четири натпревари во јунскиот циклус, кој го започнуваме со гостување во Бугарија, а потоа ќе следат натпревари против Гибралтар, Грузија и повторно Гибралтар.

Овие средби се дел од новата натпреварувачка сезона во Лигата на нации во кога Македонија е дел од Ц сегментот, па во најавата за новите фудбалски возбудувања кои следат, селекторот Благоја Милевски искажа какви очекувања има околу ова натпреварување.

Милевски нагласи дека крајна цел му е Македонија да биде на првото место во групата во месец септември кога ќе затвориме на домашен терен против Бугарија, а овој јуни очекува максимално залагање од фудбалерите кои добиваат шанса да се докажат, односно да се изборат за место во националниот тим.

– Подготовките ги почнавме со проблеми бидејќи поради повреди нема да бидат со нас Костадинов, Ристовски, додека Адеми и Јаховиќ ги ослободив поради напорната сезона и заморот кој е присутен кај нив. Најново, Ердал Ракип поради приватни причини побара да биде ослободен од овој собир. Нема да викаме нови фудбалери, мислам дека сега за сега сме доволно и ќе видиме дали ќе бидеме здрави сите останати после првите два меча.

– Не очекуваат натпревари со израмнети противници во групата, а тоа е добра шанса да го видиме сиот потенцијал со кој располагаме. Ќе им дадам шанса на сите фудбалери, да видиме со што вистински располагаме за она што следи во иднина. Знаеме дека наша вистинска цел е Европското првенство 2024-та година. Сите повикани фудбалери ќе добијат шанса, мора да ротираме и ќе бидам најзадоволен ако овие фудбалери ја оправдаат довербата и ни дадат сигнал дека можеме да сметаме на нив.

– За нас секој натпревар е идентично важен, не само овој против Бугарија, важни ни се сите шест меча во групата. Победа си е победа, реми си е реми. Исто е дали ќе победите против Италија, или против Бугарија или Гибралтар. Три бода се три бода, не би издвоил еден противник од оваа група, важни се сите шест натпревари кои ќе ги одиграме. Нормално е да имаме високи очекувања, самите фудбалери направија јавноста да има големи очекувања и сега треба да се носат со тоа. Јавноста очекува подобри резултати од нив на секој меч и така треба да биде. Целта е да бидеме први во групата на крајот во септември кога затвораме со Бугарија на домашен терен, – изјави Милевски, кој говореше и за повредата на капитенот Ристовски.

– Ристовски има контузија на стапалото и нема да ни стои на располагање. Станува збор за повреда од претпоследниот меч со Шибеник и се надеваме дека магнетната резонанца ќе покаже дека нема пуканатина или скршеница, – додаде македонскиот селектор.

Дел од играчите како Алиоски, Трајковски и Велковски допрва ќе треба да му се приклучат на националниот тим, но Милевски ќе ги стартува подготовките со останатите и за денес го закажа првиот тренинг во 18:00 часот.


1 view

Comments


bottom of page