top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски ги построи репрезентативците: Само победа во мислите пред дуелот со Бугарија (Фото)

Репрезентацијата на Македонија во период од само десет дена ќе одигра четири натпревари од новата сезона од Лигата на нациите.

Нашите фудбалери се најдоа во група по мерка во која можат да стигнат до првото место кое ќе води до разигрување за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Прва пречка во Разград ќе ни биде селекцијата на Бугарија на 2 јуни, за потоа да одиграме уште еден гостински натпревар против Гибралтар.

Селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски ги построи своите пулени во тренинг центарот „Петар Милошески“ и ги започна подготовките за четирите дуели кои ќе бидат од исклучителна важност во Лигата на нациите.

Позитивни резултати на овие четири средби и тоа како ќе ни ги подотворат вратите за можен пласман на уште едно големо натпреварување.










3 views

Comments


bottom of page