top of page

Милевски ги построи пулените во Палермо (Фото)

електорот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го предводеше денешниот официјален тренинг пред натпреварот кој утре на „Ренцо Барбера“ ќе го одиграме против Италија.

Репрезентацијата на Македонија за прв пат во историјата се најде во една бараж пресметка за пласман на Светско првенство, а за противник ќе ја имаме селекцијата на Италија.

На стадионот во Палермо во позитивна атмосфера беше одработен тренингот, а Милевски засега не открива со каков состав ќе се спротивстави на фаворизираниот противник.

Сепак, од она што може да се насети, Милевски очекувано нема да прави големи измени и на „Ренцо Барбера“ утре ќе истрча со проверени, искусни сили, со акцент на средниот ред кој треба да биде наше најсилно „оружје“.











 
 
 

Comments


bottom of page