top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски ги објасни отсуствата на Несторовски и Бабунски и порача: Имаме јасна цел, одиме на победа

Милевски ги објасни отсуствата на Несторовски и Бабунски и порача: Имаме јасна цел, одиме на победа против Украина!Селекторот на сениорската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги одбра играчите на кои ќе смета за квалификацискиот меч против Украина, но и оној пријателскиот со Ерменија кој го играме во Струмица.

Фокусот сосема очекувано е ставен на соочувањето со Украинците, селекција со која имаме подеднаков број на бодови во групата, селекција за која може да се каже дека ни е должник со оглед на тоа како не победи во Скопје во месец јуни.

Милевски за овие дуели не ги повика напаѓачите Илија Несторовски и Дориан Бабунски, но затоа во офанзивата ќе ги имаме повратниците Валон Етеми и Дарко Чурлинов.

-Ова се фудбалерите кои беа и на претходниот собир. Сега со нас ќе биде и Дарко Чурлинов кој заигра за тимот до 23 години на Барнли. Ме радува фактот што е подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Жал ми е што Зајков нема да е со нас, имаше оперативен зафат, ама се чувствува добро. Разговарав со Доријан Бабунски, тој не е на списокот, што не значи дека нема да биде за следните собири. Перформансот на Бабунски беше различен во клубот и тука. Јас кај сите гледам како изгледаат на собир и на тренинзи.

-Разговарав и со Илија Несторовски. Тој исто така не е повикан за овие натпревари од причина што сосема поинаква ни е тактичката замисла за двата натпревари. Несторовски има дадено многу за оваа репрезентација и покажуваме почит кон него со тоа што не праќаме покана колку само да биде овде, а без намера да го користиме“.

-Не сме во криза со играчкиот кадар кој го имаме на располагање. Би кажал дека тоа е нашата реалност во моментов, иако сите би сакале да имаме 50-60 фудбалери на нивото на квалификациски циклус“.

-Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера, -порача Милевски.

Со Украинците се соочуваме на 14 октомври, а Ерменија ќе ја дочекаме три дена подоцна.




0 views

Comments


bottom of page