Милевски: Браво за момците, треба да сме горди на нив!
Одличен крај на неуспешниот квалификациски турнир за Македонија во битката за пласман на ново ЕП. По ремито во септември дома со Италија еве идентични 1:1 и против најдобриот состав во групата.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од епилогот.
„Не би коментирал многу околу судиските одлуки. Затоа се тука судиите, тука е ВАР-от, тоа што одлучиле треба да се прифати“, напомена Милевски за спорните моменти.
„Овие две години и некој месец не само што напредуваме, туку напредуваме заедно со подмладувањето на репрезентацијата. Извлековме група за овие квалификации која потешка и сами да ја составувавме не ќе можевме. Македонија треба да биде горда на овие млади момци кои покажаа како се бори за македонскиот дрес. Да им се спротиставиш на селекции како Англија, Италија и Украина на ваков начин е за посебна пофалба. Секоја чест на играчите, не чека доста работа, сериозна работа за да дојдеме во ситуација да бидеме уште поконкурентни како што јас сакам. Далеку сме сеуште од Англија и Италија но не и Украина. Жалам што на тие два меча со нив така загубивме“
е анализата на селекторот и негова најава за иднината.
„Го почитувам мислењето на јавноста, секое мислење но ние имаме план, имаме цел… Ни недостигаат уште 2-3 играчи кои се на поширокиот список и тоа треба да бид ростерот за следниот циклус од Лигата на нации“.
Дали од овој состав има играчи кои во иднина нема да бидат дел од националниот тим!?
„Не сум во ситуација да се откажувам од било кој играч кој има квалитет да помогне на тимот. Од овој состав има 60% од играчи кои имаат проблем со минутажата за своите клубови. Но кога се тука и со националниот тим истите го даваат максимумот. И поголеми селекции од нас се жалат на подготвеноста на нивните играчи кои настапуваат за топ клубови“.
Comments