top of page

Милан со катастрофална грешка го најави новиот пораз во Лига Европа (ВИДЕО)

Nov 6
1 min read

06.11.2026 Noemvri Petok

Калчолигашот Милан влезе со статус на еден главните фаворити за пехарот за оваа сезона во Лига Европа, но великанот од „Сан Сиро“ има катастрофални резултати и во четвртото коло го претрпе дури третиот пораз и во моментов е под линијата која води во нокаут фазата.

Нов удар на италијанскиот тим му зададе Ференцварош кој славеше во Милано со 2-0. Ова беше далеку од тимот кој минатиот викенд му зема мерка на Интер во Серија А, па гостите ги искористија сите мани и слабости на тимот предводен од Аморим.

Се тргна од 52 минута кога Де Винтер непотребно врати високо една топка до голманот Ториани кој не се снајде, гостите тоа го искористија и поведоа преку Џозеп. Истиот играч во 66 минута реализираше уште еднаш и го дотепа фаворитот кој потоа не успеа да даде ниту почесец погодок иако од 77 минута имаше и играч повеќе на теренот по црвениот картон на Деле.

Останати резултати:

Андерлехт – Салцбург 2-0Кристал Палас – Хофенхајм 1-1Лилeстром – Плзен 0-1НЕK – Омонија 3-1Реал Сосиедад – Лион 1-1Спарта Прага – Борнмут 1-3


 
 
 

Comments


bottom of page