Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“
- Aleksandar Santovski
- 7 hours ago
- 1 min read
24.04.2025 April Cetvrtok
Милан го направи она што беше задолжително според голем број легенди за спас на сезоната, па иако стануваше збор за големо дерби против Интер, тимот на Сержо Консеисао уште еднаш покажа дека е „пеницилин“ за својот градски ривал оваа сезона.
По извојуваната победа во Суперкупот и онаа во Серија А, Милан и трет пат оваа сезона го победи италијанскиот првак, со тоа што оваа во полуфиналето на Купот беше најубедлива.
Првиот натпревар кој се одигра меѓу градските ривали заврши 1:1 и се беше отворено пред денешниот реванш, натпревар на кој мора да се напомене дека „росонерите“ делуваа како казнена експедиција.
При резултат 0:0, Интер беше поопасен ривал и не искористи три шанси преку Дармијан, Димарко и Лаутаро, но затоа во противничкиот шеснаесетникт прецизен беше Јовиќ кој погоди за 0:1.
На стартот на вториот дел, српскиот напаѓач повторно беше најснаодлив при една мешаница и постигна гол за 0:2, па негативата за Интер стануваше се поголема.
Во таква ситуација, Инѕаги направи неколку измени и фрли се на една карта во напад, но наместо гол за враќање во мечот, Интер прими и трет за конечни 3:0.
Холанѓанецот Рејндерс му го зададе дефинитивниот удар на Интер, кој на овој начин остана и без сонот да се бори за триплета до крајот на сезоната.

Comments