Милан му го честиташе роденденот на Малдини, незадоволните навивачи „бомбардираа“ на социјалните мре
Милан му го честиташе роденденот на Малдини, незадоволните навивачи „бомбардираа“ на социјалните мрежи (Фото)
Паоло Малдини денеска полни 55 години во моменти кога е на заслужен одмор по напорната сезона, која за жал донесе и една неочекувана одлука од страна на Милан која ги шокираше сите фанови на клубот.
Водечките структури предводени од Кардинале решија да му врачат отказ на одговорните директор за сите трансфер случувања на „Сан Сиро“, па токму поради тоа, роденденската честитка која ја доби Паоло според многумина не е искрена.
Милан го честиташе роденденот на својата фудбалска легенда и му посака се најдобро, но оваа објава на официјалните профили на социјалните мрежи беше „бомбардирана“ од страна на навивачите.
Верните приврзаници на Милан се уште не можат да се помират со заминувањето на поранешниот капитен, па во пораките под објавата има доста погрдни зборови за Кардинале.
Фановите бараат оставка од првиот човек на клубот, како и враќање на човекот кој беше најзаслужен за враќањето на „росонерите“ изминативе три сезони.
Comments