Милан испрати директна порака за иднината на Леао на „Сан Сиро“
- Aleksandar Santovski
- Mar 29, 2024
- 1 min read
29.03.2024 Mart Petok
Италијанскиот фудбалски великан, Милан испрати јасна порака околу иднината на напаѓачот Рафаел Леао на „Сан Сиро“.
Португалецот го носи „црвено-црниот“ дрес од 2019 година кога слета во Милано од редовите на Лил. Тој за кратко време се наметна и веќе некое време е меѓу најважните, клучните играчи на калчолигашот заедно со Тео Ернандес и голманот Мајк Мењан.
Офанзивецот има активен договор до 2028 година, но низ медиумите има информации дека ПСЖ и Челси се подготвени да притиснат ова лето и да го добијат неговиот потпис. Меѓутоа Милан има јасно планови за Леао и ако некој сака да го ангажира ќе мора да активира „скромната“ клаузула која изнесува „само“ 175 милиони евра.
-Рафа има откупна клаузула од 175 милиони евра. Ама настрана од тоа, тој сака да остане во Милан. Нему му е многу добро овде, тој треба да биде тој што ќе бара да замине, ама не сака. Да живее Леао во Милан, -порача извршниот директор, Џорџо Фурлани за „Газета Дело Спорт“.
Comments