Search
Милан и Интер во акција, двајца играчи ги минуваат медицинските прегледи
Ривалите од Милано, Милан и Интер се на добар пат да потврдат нови имиња во своите состави, а најдобар доказ за тоа е што потенцијалните засилувања се на медицински прегледи. „Росонерите“ ќе го обезбедат искусниот голман Марко Спортиело и тоа со четиригодишен договор. Ако нема никакви проблеми Марко ќе му биде замена на Мајк Мењон во наредниве сезони, поточно ќе го заземе местото на Чипријан Татарушану кој си заминува од клубот по истекот на договорот на 30 јуни.Маркус Тирам пак слета во Милано за да го комплетира преминот во Интер. Тој имаше можност да го избере и Милан, меѓутоа се одлучи за „нероаѕурите“ со кои ако се биде во ред ќе потпише до јуни 2028 година.
Comments