top of page

Милан заработи пари од трендот „Оливие Жиру“ (Видео)

Трендот наречен „Оливие Жиру“ е хит број еден меѓу „росонерите“ и причина за тоа е улогата која ја имаше Французинот на последниот натпревар во Серија А, на кој во завршницата принудно заврши на голот. Искусниот француски голгетер го замени Мајк Мењан кој заработи исклучување и ги облече неговите ракавици, а во 104-та минута режираше и клучна интервенција со која ја одбрани победата на Милан. Фановите на Милан останаа импресионирани од храброста и пожртвуваноста на својот напаѓач, но трендот станува уште попопуларен и поради активостите на самиот клуб. Милан вчера објави дека има четврт голман во својот прв тим и го смести Жиру во полето кое се претставени чуварите на мрежата, но понуди за продажба и голмански дрес со негово име. Неколку часа после овој потег, дресовите биле целосно распоредадени, што само говори какво влијание имеше Оливие со својата кратка голманска авантура.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page