top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милан го претстави најчудниот дрес во историјата и ги збуни фановите

01.04.2022 April Petok

Милан пред неколку дена најави дека наскоро ќе презентира четврти дрес за актуелната натпреварувачка сезона, а официјалната промоција пристигна денеска и истата ги збуни и шокираше голем дел од навивачите на клуб.

Италијанскиот великан му дозволи на својот спонзор Пума за првпат да соработува со моден бренд и за првпат во историјата Милан ќе носи дрес кој е изработен и од страна на модна компанија, а во дадениот случај станува збор за „Немен“.

Германскиот бренд Пума и Немен информираат дека со заедничката соработка е најправен најлесниот дрес од постоењето на Милан, но сепак спефицичниот избор на бои прави овој дрес да биде чуден и необичен.

Фановите на Милан коментираат дека дресот е своевидна комбинација на домашниот и гостинскиот дрес, што всушност и не изгледа така убаво за око, без оглед на тоа што двата бренда информираат дека станува збор за уникатна соработка и изработка.

Во соопштението на Милан се вели дека овие дресови ќе ги носат и машкиот и женскиот тим на Милан, и тоа на претстојните натпревари против Болоња, односно Емполи.


2 views

Comments


bottom of page