top of page
Search

Милан го потврди наследникот на Пиоли, потпишан е тригодишен договор!

13.06.2024 Juni Cetvrtok

Италијански великан Милан официјално го реши најважното прашање, а тоа е наследникот на Стефано Пиоли, стратегот кој ќе има задача да донесе нова енергија и подобри резултати почнувајќи од натпреварувачката 2024/2025.

Доста имиња се поврзуваа со клупата на калчолигашот кој на крајот се реши за искусен стратег на кого ова ќе му биде второ искуство во Италија-тоа е 51-годишниот Пауло Фонсека.

Фонсека во минатото работеше во Рома и тоа во периодот од 2019 до 2021 година што значи добро му е познат фудбалот на Апенините. По тој предизвик се пресели во Лил од каде и доаѓа на „Сан Сиро“ со договор до 2027 година.

Најголемите успеси како тренер му се на чело на Шахтјор Доњецк, клуб со кој освои три лигашки титули, три Купа и еден Супер Куп на Украина.


0 views

Comentários


bottom of page