Милан го мерка репрезентативецот Барди
22.07.2021 Juli Cetvrtok
Македонскиот репрезентативец Енис Барди веќе неколку години е дел од шпанскиот прволигаш Леванте, но останува под знак прашалник дали ќе го гледаме во истата средина и во натпреварувачката 2021/2022.
Тој е во последната година од актуелниот договор со клубот од Валенсија, па поради тоа е неизвесно кој ќе биде следниот потег кога е во прашање неговата иднина. Италијанските медиуми преснеуваат дека интерес за неговите услуги има од великанот Милан кој е во потрага по замена за Хакан Чалханоглу.
„Калчомеркато“ смета дека Енис е сериозна опција за „црвено-црните“ кој е најактивен клуб на пазарот кога е во прашање елитната конкуренција на Апенините.
Нашио ас има цена од околу 15 милиони евра, меѓутоа со целата оваа ситуација двете страни можат да се потрудат за да дојдат до договор.
コメント