Мила Јовович ужасена од нападот врз нејзината родна земја
28.02.2022 Februari Ponedelnik
Мила Јовович вели дека е преполовена на два дела од ужасот што се случува во нејзината родна земја Украина. Актерката од „Притаено зло“ (Resident Evil), која е родена во Киев, а родителите ѝ се Руси, откри дека нејзиното срце е скршено и дека е ужасена откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена инвазија на соседната земја во раните утрински часови минатиот четврток (24 февруари). Во објава на „Инстаграм“ 46-годишната Мила напиша: „Срцето ми е скршено, занемена сум, се обидувам да ги сфатам настаните во мојата родна Украина“. „Мојата земја и народ се бомбардирани. Пријателите и членови на семејството се во скривници. Мојата крв и моите корени потекнуваат и од Русија и од Украина.“ „Се чувствувам скината на два дела додека го гледам ужасот, земјата се уништува, семејствата се раселени, целиот живот лежи во јагленисани фрагменти околу нив“. Јовович е родена во Киев од мајка Русинка и татко Сибирец. Набргу по нејзиното раѓање, семејството се преселило во Москва, каде таа го поминала поголемиот дел од раното детство.
コメント