top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мик Џегер утре го слави својот 80. роденден

ј неодамна беше на турнеја низ Европа по повод 60-годишнината на бендот. Со песни како „Jumpin’ Jack Flash“, „Gimme Shelter“ и „Sympathy for the Devil“, рок-составот помогна да се активира културната и социјалната експлозија од 1960-тите и подоцна. Турнејата заврши лани, но без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Џегер, инаку, беше подложен на операција околу срцевиот залисток во 2019 година, но и покрај тоа, енергичниот шоумен одржува блескава фигура и одлична форма со својот режим на трчање, кик-бокс, возење велосипед и јога.

Мајкл Филип – Мик Џегер е роден на 26 јули 1943 година во Дартфорд, јужно од Лондон, Англија. Почнал да свири со другарот од детството, Кит Ричардс во 1960., откако ја открија заедничката љубов кон блузот и го основаа „Ролинг стоунс“ во 1962., којшто за кусо ќе се дообликува со Бил Вајман и Чарли Вотс. Џегер во меѓувреме се откажа од Лондонската школа за економија, а 1965 година составот го имаше и првиот голем хит – „(I Can’t Get No) Satisfaction“. Следеа низа евергрини, како – „Brown Sugar“, „Honky Tonk Women“ и „Paint It Black“.


2 views

Comments


bottom of page