top of page

Мик Џегер (82) и свршеницата (38) сакаат уште едно дете

06.08.2025 Avgust Sreda

Мик Џегер го прослави својот 82. роденден во друштво на повеќето од своите деца и поранешни партнерки на прослава организирана од неговата сегашна свршеница Мелани Хамрик (38).Џери Хол, со кого беше во врска 22 години, пристигна на прославата со своите три деца – Лизи (41), Џорџија (33) и Габриел (27). Лусијана Морад, бразилската манекенка, со која Џегер го доби синот Лукас (26) во 1998 година, исто така беше присутна, иако оваа афера беше причина за конечното раскинување со Хол. Денес, сите се во добри односи.Планови за проширување на семејството во зрелостаНајинтересниот детаљ поврзан со прославата е дека Џегер и Хамрик ја разгледуваат можноста да имаат уште едно дете и покрај неговите години. Извори блиски до двојката тврдат дека тие разговарале за тоа и заклучиле дека би биле подготвени повторно да го прошират семејството доколку околностите дозволат.

Џегер и Хамрик се во врска 11 години, а последните три се свршени. Заедно имаат осумгодишен син, Деверо. Според близок извор, двојката е неизмерно среќна и води стабилен семеен живот иако не се очекува да се венчаат бидејќи Џегер со години е против идејата за брак.

Живот во ФранцијаМелани Хамрик живее со Џегер во Франција, каде што водат хармоничен семеен живот. Тие живеат во париски стан и во замокот Фуршет во долината на Лоара. Таа се грижи за нивниот осумгодишен син и научила француски, кој го зборуваат и Џегер и детето. По завршувањето на балетската кариера во 2019 година, таа се посветила на пишување литературни дела инспирирани од балетот.

Според пријателите, Мелани изградила добри односи со сите поранешни партнерки и со децата на Џегер, што создало мирна и функционална семејна средина за сите.

ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page