Мик Шумахер тргна по стапките на неговиот татко: Од следната сезона ќе биде резервен возач во Ферари
Синот на Михаел Шумахер, Мик, во 2022 година ќе влезе во својата втора сезона како пилот во Формула 1
Младиот Шумахер и натаму ќе остане во тимот на Хас, но во новата сезона ќе ја има улогата и на резервен возач во таборот на Ферари.
Интересно е тоа што помладиот Шумахер е регистриран на 11 трки на кои ќе биде резервен возач на Ферари, додека пак на останатите трки резервен возач ќе биде Антонио Џовинаци.
Џовинаци сезоната што измина беше пилот на Алфа Ромео, а од наредната сезона нема да биде во ниту еден тим како прв возач од оние кои се натпреваруваат во Формула 1.
– Мик ја заврши академијата на Ферари, а ова ќе биде негова втора сезона во Формула 1. Многу сум среќен што ќе биде дел од нашиот тим, но се надевам дека нема да има потреба да ги менува Шарл или КАрлос, -изјави првиот човек на Ферари, Матија Биното.
Comments