top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мик Шумахер: Со нетрпение ја очекувам трката

Updated: Apr 12, 2022

08.04.2022 April Petok

ФОРМУЛА 1 – ПРЕД ГН ВО МЕЛБУРН

Возачот на Хас, Мик Шумахер, со нетрпение за првпат го очекува настапот на трката во Формула 1, за големата награда на Австралија – Со нетрпение очекувам да ја запознаам патеката, а исто така и градот. Сум бил тука со татко ми и сум ја гледал трката во Мелбурн. Беше одлично, а сега очекувам и самиот да возам тука – изјави германскиот возач Мик Шумахер (23), пренесе агенцијата „Франс прес“. Синот на седумкратниот светски првак Михаел Шумахер, по инцидентот во квалификациите ја пропушти претходната трка во Саудиска Арабија. Неговиот татко, пак, постигна четири победи на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн (2000, 2001, 2002 и 2004), а сите триумфи ги забележа зад управувачот на Ферари. Михаел Шумахер, како што е познато, доживеа тешка несреќа додека скијаше во 2013 година и оттогаш не се појави во јавноста. Трката во Австралија поради пандемијата на коронавирусот не се возеше во претходните две сезони, а последен победник на оваа трка беше актуелниот возач на Алфа Ромео, Финецот Валтери Ботас. Трката за големата награда на Австралија е на програмата во недела со почеток во седум часот.


1 view

Comments


bottom of page