top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Мизар“ со нов сингл – „Messengers of Downfall“

Updated: Oct 21, 2021

20.10.2021 Oktomvri Sreda

Култниот македонски бенд „Мизар“, кого го нарекуваат и „пионер на дарк-звукот во регионот“, издаде нов сингл насловен „Messengers of Downfall“ (Гласници на падот). И по 40 години од појавувањето, групата снима и создава квалитетна музика, која сѐ уште звучи авангардно и моќно, за што освен квалитетните песни и изведба, секако придонесува и карактеристичниот вокал на Зоран Тортевски.

Новата песна е за енергијата на човечката душа, чиј контекст е поразбирлив со преводот и за која нејзиниот автор Горазд Чаповски вели: „Човекот не разликува добра мисла од лоша, без да знае како енергијата е иста за сите луѓе. ’гласници на падот‘ се демони, лоши мисли или пораки (дезинформации), додека музиката е порака за добра енергија.“

Музиката е напишана од Горазд Чаповски, а текстот е на писателот Тихомир Јанчовски, кој е автор на текстовите и за претходните неколку песни на „Мизар“. Придружни вокали се Петар Георгиевски, Бранко Илиевски и Иван Петковски, аранжманот го потпишува „Мизар“, а продукција е на Златко Симионски и Горазд Чаповски.


2 views

Comments


bottom of page