МЗТ со моќно издание ја декласираше Сутјеска во АБА2 лигата
Македонскиот првак МЗТ Скопје ја запиша втората победа на четвртиот натпревар во новата АБА2 сезона, а со тоа го остави зад себе црното издание од претходниот меч кога загуби од Хелиос.
„Металците“ денеска не оставија ништо на случајноста и уште во првите 10 минути навестија дека ќе го прегазат тимот на Сутјеска, кој едноставно денеска немаше што да бара во Златибор.
Тимот од Скопје ја доби првата четвртина со 28:14 и експресно се стекна со двоцифрена предност, која во текот на мечот само ја одржуваше, па и ја надополнуваше.
На полувреме се замина со резултат 49:31, а МЗТ ја отвори со серија од 10:0 последната четвртина, па на крајот извојува и преубедлива победа со резулта 93:64.
Војдан Стојановски со 17 поени беше најдобар поентер во победничкиот тим, неговиот брат Дамјан остана на учинот од првото полувреме (осум), додека Танасковиќ уфрли 13 поени.
Commentaires