Search
МЗТ Скопје ќе настапи на силен турнир во Кина
18.07.2024 Juli Cetvrtok
МЗТ Скопје и понатаму го формира тимот за натпреварувачката 2024/2025, но во исто време има и план за тоа како ќе течат подготовките со тоа што дел од нив ќе бидат дури во далечната Кина.
Имено клубот од Аеродром ја информираше јавноста дека екипата ќе настапи на силен турнир кој ќе се одржи од 27 август до 1 сепрември.
Се работи за турнир на кој ќе играат двете најдобри екипи од Кина, шампионот и вицешампионот Лиаонинг и Ксинјанг, плус уште еден тим кој треба да биде од Европа.
Во Чонгкинг ќе патуваат Брандон Слај, Милош Копривица, Марко Баковиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, а секако и останатите играчи кои ќе бидат ангажирани.
Comments