Search
МЗТ Скопје со лекција за Ловќен во АБА2 лигата
- Aleksandar Santovski
- Mar 5, 2021
- 1 min read
05.03.2021 mart petok
Македонскиот претставник МЗТ Скопје славеше со убедливи 96:55 против Ловќен во натпревар од АБА2 лигата во рамките на турнирот во Сараево. МЗТ најави дека размислува само за победа уште во првиот период кој го доби со 24:11, а на полувремето замина со предност од 18 поени. Третиот период донесе нов удар за Ловќен кој немаше одговор за добриот шутерски ден, но и за играта во одбрана на избраниците на Ѓорѓи Кочов, кои на крајот славеа со 96:55. МЗТ Скопје стигна до шестата победа по девет одиграни натпревари, со што останува на солидна позиција во ова регионално натпреварување.

Comments