top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МЗТ Скопје победи во македонското дерби во АБА2 лигата

МЗТ Скопје излезе како победник во дуелот со Пелистер (91:78), во денеска одиграното македонско дерби во АБА2 регионалната лига.

Битолчани подобро отворија и го завршија првиот период со водство 25:22, но МЗТ полека почна да ја презема контролата во продолжението.

Полувремето заврши со пет поени предност за скопскиот состав, кој на моменти имаше и двоцифрена предност, за на крајот да стигне до победа со солидна разлика во дуелот со македонскиот ривал.

Војдан Стојановски уфрли 20, Дамјан Стојановски го заврши дуелот со 16 поени, додека Лука Стојановски беше најефикасен кај Пелистер, комплетирајќи го одличниот настап со 22 постигнати поени.

За МЗТ ова е прва победа по стартните две рунди, па заедно со Пелистер има ист учинок во досегашниот тек на сезоната.


0 views

Comments


bottom of page