МЗТ Скопје го скрши вечниот ривал и ќе се бори за десеттиот трофеј
Кошаркарите на МЗТ Скопје се првите финалисти во најсилниот домашен шампионат и тоа откако со 2-0 го совладаа вечниот ривал Работнички.
Пред неколку дена „металците“ славеа во својот дом со 82-71, додека пак вечерва одново обезбедија триумф од 11 разлика и тоа со резултат 73-62.
Домаќините имаа свои моменти во СРЦ „Кале“, ама немаа сила да одговорат во сите 40 минута, па кога се решаваше натпреварот тие уфрлија само 8 кошеви. Последната четвртина „штрковите“ ја реализираа со 20-8 што беше доволно да направат пресврт и обезбедат финале, поточно се изборија за можност по десетти пат во својата историја да триумфираа во нашата најквалитетна лига.
Кук и Стојановски со по 18 поени беа најефикасни, Вер додаде 12, а Абу 11 кошеви со 7 скокови. Малешевиќ и Џелетовиќ искомбинираа 27 поени за домаќините.
Противник на МЗТ во борбата за пехарот ќе биде подобриот од Пелистер-ТФТ каде битолчани веќе водат со 1-0.
Кога е во прашање плејаутот, Струмица не се појави на теренот и службено ќе го загуби мечот со Чаир, додека ФМП Академија беше подобра од Куманово со 115-81.
Comments