Search
МЗТ Скопје го разби Кожув и обезбеди место во полуфиналето на Купот на Македонија
- Aleksandar Santovski
- Feb 16, 2023
- 1 min read
Кошаркарите на МЗТ Скопје се првиот патник во полуфиналето на Купот на Македонија, натпреварување кое го носи името на нашата легенда, Благоја Георгиевски – Буштур.
„Штрковите“ покажаа сила во дуелот со Кожув и го суредија противникот со 80-68. МЗТ уште од самиот старт наметна силно темпо и веќе во првата четврвтина се стекна со двоцифрена предност (28-18), предност која продолжи да расте во продолжението и истата беше преку 20 разлика.
Во завршниот период дојде до мало опуштање, па противникот се избори за попристоен пораз на дуелот во СРЦ „Кале“.
Вер и Стојановски уфрлија по 19 поени кај победникот, додека Гордон со 27 беше прво име на спротивната страна.
МЗТ во полуфиналето ќе игра со подобриот од ТФТ-Работнички.

Comments