top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МЗТ се пожали за преседанот кој го направи АБА лигата: Сега имаме дополнителен мотив против Партизан

На својата воведна прес-конференција во пресрет на мечот со Црвена Звезда, МЗТ Скопје како клуб најави дека ќе има дополнително соопштение за мечот со Партизан, за кој водечките лица на македонскиот првак сега добија неповолна вест и покрај инсистирањето да се стои до почетниот распоред.

Промената во терминот без никакво објаснување е преседан кој не наидува на одобрение кај МЗТ Скопје, кој како повратник во АБА елитата, сепак ќе мора да одговори на барањата и да го пречека Партизан во термин многу порарн од предвиденото.

– КК МЗТ Скопје Аеродром сака да ја објасни ситуацијата со терминот на одигрување на дуелот против Партизан следниот понеделник, кој првично беше закажан за 21 часот, а потоа, изненадувачки и без никаква најава и причина, да биде променет за 16 часот, што е досега невиден преседан за АБА-лигата.

И самите бевме шокирани од информацијата што ја добивме од канцеларијата на АБА за промена на терминот, без конкретно и валидно објаснување, со префрлање на топката на телевизијата Арена спорт, која, пак, не излезе со официјален став за ситуацијата. Но, пропозициите на регионалното натпреварување се јасни, а тоа е дека лигата и Арена спорт го имаат ексклузивното право за одредување термини, додека домаќинот не се прашува ништо.

Го разбираме револтот на нашите навивачи и симпатизери што играме во ептен ран термин во работен ден и го делиме нивното разочарување, но сакаме да знаат дека нашиот клуб и покрај сите напори, притисоци, користење врски и конекции стори сѐ за да се врати првобитно одреденото време, но не успеавме во тоа. Искрено се извинуваме, но постојат работи кои едноставно не сме доволно моќни да ги смениме, за разлика од некои други учесници во натпреварувањето.

Затоа сакаме да апелираме до сите на кои во вените им тече плаво-бела крв, но и до тие што имаат симпатии кон МЗТ Скопје и го сакаат кошаркарскиот спорт, неправдата што ни е нанесена да ја сфатат како дополнителен мотив да сторат сѐ и да се најдат на трибините во салата „Јане Сандански“. Ова е идеална шанса да покажеме единство и во несекојдневна ситуација и да докажеме дека Аеродром е населба која и покрај сите проблеми и неправди, секогаш и во сѐ стои зад своите миленици во плаво-бела опрема.

Се гледаме в понеделник на трибина!, – гласи целосното соопштение на МЗТ.


0 views

Comments


bottom of page