top of page
Search

МЗТ се одбрани од Феникс, Еуро Никел го надигра ТФТ

Екипата на МЗТ Скопје забележа победа над Феникс 2010 од 78-70 во вечерашниот меч од Суперлигата.

И на оваа средба „металците“ покажаа повеќе лица, имаа подеми и падови, но она што е позитивно за нив е што запишаа победа во „Јане Сандански“. Актуелниот шампион водеше и со 20 разлика на оваа средба, меѓутоа противникот не се откажуваше и во еден момент во четвртата четвртина дојде на само минус два со кошот на Стојановски (68-66).

Ова беше црвен аларм за момците на Петровиќ кои сепак завршните пет минути ги одиграа на повисоко ниво и на тој начин ја потврдија фаворитската улога. Николов со 12 и Ајви со 10 поени беа први стрелци кај „штрковите“, ветеранот Трајковски за домаќините уфрли 25 кошеви.

Еуро Никел пак во својот дом беше подобар од ТФТ со 87-73 со што направи исчекор во борбата за третата позиција на табелата. Одлично издание имаше Ѓекиќ кој реализира 22.поени, Соколов имаше 21, Томиќ 14, а Димчевски еден поен помалку, додека пак кај гостите од Скопје, се одвои триото Хортон (19), Бишоп (14) и Николов (11.поени).


1 view
bottom of page