Search
МЗТ рутински го одработи последниот тест пред дуелот со Морнар во АБА лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија убедлива победа над Навико Академија ФМП (77:58) во средбата од 4. коло во домашниот шампионат.
Иако тренерот Александар Петровиќ ги измеша картите, одмори дел од најважните играчи тоа воопшто не беше проблем за „металците“ да го надиграа ривалот од Кисела Вода. По 20 минути игра резултатот беше 41-24, предност која продолжи да расте и по 30 минути на семафорот резултатот гласеше 65-34.
Во завршниот дел домаќините подзастанаа, Академија ФМП тоа го искористи и се избори за поблаг пораз во „Јане Сандански“.
Пандев со 12 поени беше прв стрелец, зад него беа Магдевски со 11 и Андоновски со 10 кошеви.
Следен предизвик за МЗТ е дуелот против Морнар во АБА лигата.
Kommentare